ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ИЗВРШЕНИ ПЛАЌАЊА И ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

19/05/2020


Компанијата ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ, со седиште на ул.Киро Крстев бр.8 1430 Кавадарци, почитувајќи ја Вашата доверба која ни ја укажувате со споделување на Вашите лични информации со нас, се обврзува да ги третира Вашите лични информации внимателно и професионално во рамките на важечките законски прописи, оваа политика и Вашите желби и барања. Личните податоци ги користиме за известување, евидентирање и процесирање на сервисите кои ги користите, за електронски преглед, наплата и активирање на сервиси како и за подобрување на нашите услуги врз база на искуството од директната комуникација со клиентите.

Оваа Политика за Приватност се однесува на прибирање и обработка на личните податоци кои се добиени Online, доставени лично во продажно место, по телефон или писмено  и има за цел да појасни како ги користиме Вашите лични податоци и кои се вашите права и опции за контрола врз податоците кои ни ги доставувате а со цел заштита на Вашата приватност.

КОНТРОЛОР НА ЗБИРКИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Контролор на личните податоци е Дирекцијата за заштита на личните податоци, со седиште на бул. Гоце Делчев 18, Скопје, Република Македонија.

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СЕ СОБИРААТ?

Во зависност од услугата што ја бара или користи наш клиент, прибраните лични податоци може да бидат:
-Име
-Презиме
-Адреса на живеење
-Телефонски број
-Датум на раѓање
-Матичен број

При Online прибирање на податоци, пребарувачот испраќа информации за вашата  IP адреса, датум и време на посета,  времето поминато на нашите веб страници, референтниот URL и информации за уредот или пребарувачот. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на “Cookies” на Вашиот уред, со цел да ја приспособиме посетата на web-страницата според Вашите потреби, при што важи следнава

 политика за “Cookies”:

“Cookie” е мал текстуален фајл што се испраќа и зачувува на Вашиот компјутер или на било кој уред што го користите за пристап на Интернет, секој пат кога ќе ги посетите нашите web сервиси, без собирање на никакви информации за документите или фајловите на Вашиот уред. Интернет пребарувачите обично се исконфигурирани по ‘default’ да ги прифатат “Cookies”. Следствено, ако сакате да го промените начинот на кој Вашиот пребарувач работи, мора да ги промените прилагодувањата на Вашиот интернет пребарувач.

КАКО СЕ ПРИБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Вашите лични податоци може да бидат прибрани преку:
-Лично од Вас при потпишување на документни (договори, барања, работни налози);
-По телефон (разговор или порака, при пријавување на пречки или барање информација);
-Писмено од Ваша страна при поштенска комуникација;
-Online (преку E-Mail или посета на веб страната www.inel.mk и нејзините под-домени)
КАКО СЕ ЧУВААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Согласно усвоениот Правилник за технички и организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци, а врз база на постоечките законски прописи, ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ применува соодветни мерки за физичка сигурност и контрола на авторизиран пристап до сите лични податоци кои ги поседува. Со ова се обезбедува трајна заштита на податоците од неавторизирани или нелегални процесирања и од случаи на загуба, уништување или штета.

КАКО СЕ КОРИСТАТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Вашите лични податоци може да бидат користени од наша страна при:
-Упатување на технички персонал кон Вашата адреса заради инсталација или одржување на услуги, сервиси или опрема;
-Упатување на сметки или соопштенија за услугите и сервисите кои ги нудиме или ги користите;
-Проверка на квалитет на извршените услуги;
-Поддршка на корисници и комуникација со нашиот персонал;
-Процесирање на Online прегледи, плаќања и активации преку веб страната www.inel.mk и нејзините под-домени

ДАЛИ И КАКО СЕ СПОДЕЛУВААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО ТРЕТИ СТРАНИ?

-Со договорни процесори: почитувајќи ја Вашата доверба, Вашите лични податоци не ги споделуваме со трети страни (фирми и физички лица) за нивна лична намена. Вашите лични податоци може да бидат споделени само со договорни процесори (сервис за достава, банка, пошта и слично) само во случаи кога со истите имаме склучени писмени договори за обработка на Вашите лични податоци исклучиво за дефинираните намени.

-Со властите: Вашите лични податоци може да бидат споделени со властите во случај на законски легално барање од страна на надлежна државна институција.

-Со Ваша согласност: Вашите лични податоци може да бидат споделени со трети страни (фирми, лица, социјални медиуми) исклучиво со Ваша предходна согласност за тоа кому и за која намена сте согласни истите да бидат споделени.

КОЛКУ ДОЛГО СЕ ЧУВААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Вашите лични податоци се чуваат се додека постои легална обврска за нивно чување или се додека имаме Ваша согласност за чување на истите.

БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА ONLINE ПЛАЌАЊА

Податоците кои ги внесувате при online плаќањa преку сервисите понудени на нашата веб страна www.inel.mk и нејзините под-домени од Вашата платежна картичка не се зачувуваат во нашите системи. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем ХАЛКБАНК која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Ваквите податоци процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за едиствена видлива информација за Вашата трансакција е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на извршената трансакцијата.

При плаќања преку мобилна апликација, доколку имате опција по Ваша желба може да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка со цел да се олесни купувањето. Овие податоци се зачувани единствено на Вашиот мобилен уред и тоа во енкриптирана форма. Ако телефонот Ви биде изгубен или украден зачуваните податоци нема да бидат видливи на трето лице. Единствено штета која може да настане е ако некој изврши купувања преку мобилната апликација на Вашиот телефон со Вашите зачувани податоци. Затоа во случај на губење на мобилен уред со зачувани податоци од платежни картички, во најкус можен рок известете ги банките да ги блокираат тие платежни картички. 

ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ONLINE ПЛАЌАЊА

При online плаќања, долоку постои спор, некомплетни, невалидни или грешни трансакции поради Ваша грешка, прекин на интернет комуникацијата или системски грешки на наша страна, може да доставите писмен приговор со приложени докази за трансакцијата (потврда за уплата и/или извод од банка) лично или по E-mail на info@inel.mk на што ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена и во согласност со постоечките законски прописи.

КОИ СЕ МОИТЕ ПРАВА?

Во секое време имате право на пристап, барање за корекција или бришење на одредени податоци како и на повлекување на согласноста за чување и обработка на Вашите лични податоци. Со оглед на специфичноста на бизнис процесот и техничките ограничувања, возможно е од Вас да бидат побарани дополнителни податоци и потврди за спроведување на ваквите барања:

-Пристап, корекција или бришење на личните податоци: За пристап до личните податоци кои ги имаме за Вас заради преглед, корекција или бришење, контактирајте не по E-Mail на info@inel.mk.

-Повлекување на согласност: Доколку сакате да го ограничите или запрете чувањето и обработката на Вашите лични податоци од наша страна, контактирајте не по E-Mail на info@inel.mk.

ПРОМЕНИ НА ОВАА ПОЛИТИКА

ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ работејќи во согласност со законските одредби и меѓународните стандарди за лични податоци, има право да направи измени во оваа Политика врз база на најновите правни и технолошки трендови. При модификации на политиката, за истите ќе бидете информирани преку нотификации на веб страната www.inel.mk, нејзините соодветни под-домени или со испраќање на E-Mail порака на ваша адреса.